Германските експерти пристигнаа во опожарената модуларна болница за ковид-пациенти во Тетово, која на 8 септември вечерта пламна и за неколку минути изгоре, при што настрадаа 14 лица, а 12 пациенти беа повредени.
Како што информираше владата, германскиот тим се состои од четворица експерти, двајца од нив се форензичари за истрага на пожар, а двајца се форензичари за ласерско мерење и фотографирање на просторот.