
Во 11 часот во овошните насади на Свислион Агроплод, во склоп на манифестацијата Преспански Јаболкобер 2021, свечено беше откинато првото јаболко.

Вчера во Ресен беше и премиерот Зоран Заев, како и министерот за земјоделство, шумарство и водостопансктво Арјанит Хоџа.
-Премиерот Зоран Заев ни донесе одлични вести. Три денари субвенции за килограм, предадено индустриско јаболко! Голема благодарност за неизмерната поддршка од Владата на Република Северна Македонија, напиша на својот профил на Фејсбук Живко Гошаревски, градоначалникот на општина Ресен.

Во склоп на манифестаијата беше одржана и штандовската презентација на производи и услуги пред домот на култура Драги Тозија. Ова е вистинска можност жителите од Општина Ресен и пошироко да се запознаат со компаниите од Преспа и регионот, а на едно место можеа да се пронајдат прехрамбени производи и услуги од најреномираните преспански и регионални компании.
Градоначалникот Гошаревски, во својот статус на Фејсбук на сите им се заблагодари за присуството и убавата дружба.
]]>


