„Она што го посакувам за себе и за сите луѓе е да бидеме здрави и среќни. Еден стих од една моја песна вели: „Господ да ни даде здравје и радост и по некој денар во младоста“, а сега би додала и дека не е лошо и некој денар во староста. Со оваа порака и желба сите да зачекориме во новата 2022 година“, вели Брена за Информер.рс.
За 2021. година Брена вели дека беше навистина тешка година поради коронавирусот.
„Светот изгледа како кога го зафатиле пандемиите на шпанската треска, еболата и колерата. Тешко е да се навикнеш на таква ситуација. Ковид-19 однесе многу наши другари, пријатели и познаници. Му благодарам на Господ што моето семејство и пошироката фамилија се живи и здрави. Тоа ми дава сила и волја да продолжам понатаму и да бидам борец“, вели Лепа Брена.
Лепа Брена (61) новогодишната ноќ ја помина работно, во еден хотел во Копаоник.
]]>


