Милијардерот и неговата девојка 2022. ја дочекале ја заедно со помладиот брат на Безос, Марк, синот на Лорен, Нико и поранешната НФЛ ѕвезда Тони Гонзалес.
Облечен во тесна шарена кошула, Безос, ги покажа своите мускули на кои „работи“ во последно време, а носеше и очила за сонце со форма на срце.
„Имавме луда диско забава со семејството. Новата година е одлична можност да се фокусираме на личниот раст, обновувањето, повторното раѓање и да посветиме внимание на секој момент од животот. Добри и лоши, сите моменти. Славете и растете“, им порача Безос на своите следбеници и пријатели на „Инстаграм“.
Неговата заљубена девојка веднаш му коментираше на постот, а го напиша следново: „Те сакам душо. Поради сите причини и без причина“.
На забавата тие двајца не се одвојувале еден од друг, а последните неколку дена уживаат во секој заеднички момент. Времето за празниците го поминале во планинарење, се сончале на јахтата и си посветиле време еден на друг.
Безос изнајмил луксузна јахта на која можат да се сместат до седум лица. Цената за изнајмување на оваа јахта е од 38.000 до 42.000 долари, плус трошоци, дневно.
Основачот на „Амазон“ е вториот најбогат човек во светот, веднаш по сопственикот на „Тесла“, Илон Маск, а неговото богатство се проценува на неверојатни 210 милијарди долари. Безос првпат стана милијардер во 1998 година, една година по отворањето на „Амазон“ како онлајн книжарница, а оттогаш го зголемил своето богатство за 12.425 отсто. Тој буквално заработува 140.000 долари секоја минута, пишува Дејли Мејл.
]]>


