Засега не се разгледувало дали има трет слој на овој тн. масетеричен мускул. Во испитувањата се користени 12 глави од човечки тела, кои биле складирани во формалдехид, а потоа и расчленети. Освен тоа, и глава на жива личност била прегледана со магнетна резонанца.
Кога се стегаат забите и се ставаат прстите на образот, можно е да се забележи мускулот, а неопходен е за џвакање храна. Новитетот е објавен во научното списание „Аналс оф анатоми“ (Annals of Anatomy).
Според Јенс Кристоф, еден од истражувачите и професор на швајцарскиот Универзитет на Базел, ова е исклучително битно откритие.
Според д-р Силвија Мезеј, која го водела истражувањето, овој дел од мускулот, веројатно, ја стабилизира долната вилица и ѝ дозволува да се врати накај увото. А, откритието пак, според научниците, покажува колку човекот не си ја познава анатомијата.
МИА
]]>


