Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица: 4 починати лица од Скопје (69г, 77г, 84г и 91г) и по едно починато лице од Битола (78г) и Валандово (77г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавенисе 4 лица, по едно лице од Кичево, Гостивар, Тетово и Куманово, починати во период од 16.12.2021 до 05.01.2022г. Починатите се на возраст од 48 години до 83 години. Од пријавените 2 лица се починати во болнички услови и 2 во домашни услови.
Регистрирани сe 204 оздравени пациенти од: • Скопје – 120• Битола – 23• Гевгелија – 9• Ресен – 8• Прилеп и Кочани – по 6• Кавадарци и Велес – по 5• Куманово, Струга и Македонски Брод – по 4• Охрид – 3• Штип – 2• Струмица, Кичево, Неготино, Свети Николе и Богданци – по 1Досега во земјата се направени вкупно 1.641.868 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 231.436, бројот на оздравени пациенти е 214.258, на починати е 8.012, а бројот на активни случаи изнесува 9.166.
]]>


