Филипче: СДСМ покачуваше плати, сега Владата нека ги зголеми платите во образованието и здравството за 40%

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција, нагласи дека Владата на СДСМ континуирано ги покачување платите дури и во услови на сериозни економски и енергетски кризи. Филипче  ја повика власта да покаже иста посветеност кон работниците и да обезбеди значително зголемување на платите во клучните сектори.

„Во нашиот мандат, Владата на СДСМ континуирано ги покачуваше платите, еве сега Владата нека ги зголеми платите во образованието и здравството за 40%“, рече Филипче.

Во одговорот, Филипче истакна дека граѓаните заслужуваат постојан раст на примањата и потсети на мерките и резултатите што беа постигнати во време на владите предводени од СДСМ.

Луѓето не само што заслужуваат, туку треба да биде тоа континуиран систем во кој што платите ќе растат. И ние и нашите влади тоа го покажавме дека може, дури и во време соочени со многу поголеми кризи од тоа што сега еве беше па помина. Да ве потсетам на ковид кризата, на енергетската криза после тоа со почетокот на војната во Украина, во континуитет растеа платите“, рече Филипче.

Тој нагласи дека во мандатот на СДСМ беа реализирани значајни зголемувања на платите и социјалната помош, поради што денес постои основа за уште поголема поддршка на граѓаните.

„За над 80% се зголемија платите на наставниците, за над 100% во првите две години од мандатот, како и вкупната сума што ја примаат докторите, социјалната помош порасна за 300%. Еве сега Владата нека ги зголеми платите во образованието, во здравството, нека ги зголеми за 40%. Еве за 40 нека ги зголеми. Еве нека ја зголеми социјалната помош, не за 300, еве за 100%. Немаат пари. Парите се украдени. Отидени се во партиски тендери“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

СДСМ Центар за комуникации со јавноста

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести