Околу 1.000 возила се заглавени на автопатот за време на снежната бура, изјави министерот за внатрешни работи Рашид Ахмед, цитиран од Би-Би-Си.
Мури е планинско одморалиште северно од главниот град Исламабад.
Локалните медиуми во петокот објавија дека туристите останале заглавени поради снегот. Повеќе од 100.000 автомобили дојдоа во Мури во последните денови за да ги видат невообичаено обилните снежни врнежи.
Посетителите без сместување немале друг избор освен да преноќат во своите автомобили. Социјалните мрежи се преплавени со снимки од возила заробени во снег.
Министерот за информации Фавад Чаудри ги повика луѓето да не доаѓаат во Мури во следните неколку дена. Пакистанската метеоролошка агенција најави дека обилните снежни врнежи во областа би можеле да траат до недела навечер.
Снегот започнал да паѓа во вторникот вечерта и продолжил во редовни интервали, што доведе до прилив од илјадници туристи, пренесе Ројтерс.
]]>


