Министерот Николовски на работна средба во Платежна: Продолжуваме со субвенции, грантови, ИПАРД, зелена нафта и други мерки важни за земјоделците


„Продолжуваме со навремена и неселективна исплата на субвенциите, тогаш кога им се најпотребни на земјоделците.

Во периодот 2017-2019 исплативме 305 милиони евра за заостанати и редовни субвенции, и финансиската поддршка продолжува.

Воведовме нови мерки:
-Мерка за зелена нафта
-Нов модел за повисоки субвенции за тутун по класи
-Грантови од 20.000 евра за млади земјоделци
-Грантови од 3.000 евра за жени земјоделки
-20% повисоки субвенции за развојните мерки
-Започнаа крупни капитални инвестиции во водостопанството
-Северна Македонија стана лидер во искористеност на ИПАРД
-Земјата се врати кај вистинските земјоделци

Успесите што ги постигнавме продолжуваат, ова го потврдивме и со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски.“

Фејсбук-статус на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

May be an image of 2 people, people sitting, office and indoor
]]>

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести