(ВИДЕО) Цел свет го следи спасувањето на едно дете кое падало во дупка длабока 32 метри

Напорите да се спаси едно петгодишно дете кое паднало во провалија во близина на градот Шефшауен на северот на Мароко се при крај.

Момчето, идентификувано од локалните медиуми како Рајан си играло во близина кога низ тесната дупка, широка само 25 сантиметри, паднало во провалија длабока 32 метри.

https://twitter.com/YariMuhamed/status/1489391560479367170

Спасувачката операција, предводена од мароканскиот директор за цивилна заштита, започнала во вторникот, јави Би-Би-Си.

„Спасувањето на детето е при крај. Нашите срца се со семејството, се молиме тоа да биде со нив што е можно поскоро“ – изјави синоќа владиниот портпарол Мустафа Баитас.

Иако се работи за пад од високо, снимката од камерата спуштена во дупката покажака дека момчето е живо и свесно, иако имало полесни повреди на главата.

https://twitter.com/skynewsarabia/status/1489139091249713154

Спасувачите му спуштиле маска за кислород, храна и вода, а лекарскиот тим го чека да му помогне веднаш по извлекувањето. Во близина го чека и хеликоптер за итно да го пренесе во болница.

До четвртокот вечерта, спасувачите ископале дупка длабока 24 метри, но до тој момент им недостигале уште шест до осум метри да стигнат до детето.

Видеото од спасувањето го погледнаа илјадници луѓе на социјалните мрежи, а на лице место се присутни поголеми група набљудувачи.

https://twitter.com/Red_Figs/status/1489566257821196295
]]>

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести