Снежана Калеска Ванчева: „Дали декларација што ја предлага ВМРО-ДПМНЕ значи дека не се сигурни во значењето на Гоце Делчев за Македоците“?

Причината за декларацијата на ВМРО-ДПМНЕ за Гоце Делчев во Парлементот е исклучиво популистичка смета пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева во дебата на „Само вистина“ на Канал 5 во реплика на својата соговорничка од ВМРО-ДПМНЕ Иванка Василевска.

„Дали мислите дека Декларацијата треба да потврди нешто во кое не само што сме сигурни, туку што сите длабоко го чуствуваме, дали вие не сте сигурни што значи Гоце Делчев за нас“, ја праша својата соговорничка од ВМРО-ДПМНЕ Иванка Василевска.

Во однос на барањето за предвремени избори Калеска Ванчева пак реплицираше на кои граѓани мисли пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Иванка Василевска кога бара предвремени избори.

„Зошто тие би го барале тоа кога пред година и седум месеци имавме парламентарни избори. Мислите дека граѓаните не знаат што значат изборите од економски спаект, што значат сто дена пред избори, што значат сто дена по избори, мислите дека граѓаните не знаат дека со тоа тие не можат да очекуваат брзо решавање на горливите проблеми. Вашите барања за промена на изборниот законик бараат отворање и на Уставот за што се потребни шест месеци и дека за промена на изборниот законик е потребен консензус на сите парламентарни партиии. Ова што го зборувате и предлагате е многу несериозно“ рече Снежана Калеска Ванчева во дебата на „Само вистина на Канал 5.

]]>

Најчитани вести