1.1. Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за сите поледелски култури освен за тутунот
-Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои во производната 2021/2022 година имаат засеани и ожнеани површини со следните култури: пченица, јачмен, пченка, `рж, овес, ориз, тритикале,
хељда, сирак, суданска трева, просо, хмељ, лен, леќа, кикирики, соја, сончоглед, маслодајна репка, добиточна репка, афион, шеќерна репка, памук, анасон, фацелија, граор, еспарзета, добиточен грашок и наут (слануток), за засеана или одржувана површина со луцерка;
-Минимум засеана површина збирно за сите култури е 0,5 ха во производната 2021/2022 година;
-Висината на директните плаќања за пченица, јачмен, пченка, `рж, овес, тритикале, хељда, сирак, суданска трева, просо, хмељ, лен, леќа, кикирики, соја, сончоглед, маслодајна репка, добиточна репка, афион, шеќерна репка, памук, анасон, фацелија, граор, еспарзета, добиточен грашок, наут (слануток) и за засеана или одржувана површина со луцерка изнесува 12.000 денари по хектар, односно 14.400 денари по хектар за земјоделски стопанства со пријавена површина за финансиска поддршка од минимум 5 хектари до максимум 50 хектари со задолжителна употреба на сертифициран семенски материјал согласно минимално употребената количина на семе по хектар;
-Висината на директните плаќања за ориз изнесува 25.000 денари по хектар, односно 30.000 денари по хектар за земјоделски стопанства со пријавена површина за финансиска поддршка од минимум 5 хектари до максимум 50 хектари со задолжителна употреба на сертифициран семенски материјал согласно минимално употребената количина на семе по хектар;
-Висината на директните плаќања за сите наведени култури согласно алинеја 1 од оваа подмерка изнесува 6.000 денари по хектар, освен за сончоглед и афион каде изнесува 8.000 денари по хектар и за ориз изнесува 18.000 денари по хектар без задолжителна употреба на сертифициран семенски материјал;
-Висината на поддршката од алинеите 3, 4 и 6 од оваа подмерка се намалува со зголемување на пријавените површини и тоа: од 0,5 ха до 50 ха 100%, од 50 ха до 100 ха 60%, и над 100 ха 30% збирно за сите култури.
1.2. Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.1. за обработлива земјоделска површина со големина од 5 до 50 хектари
-Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои во производната 2021/2022 година имаат засеани со сертифициран материјал и ожнеани површини со поледелски култури со пријавена површина од 5 до 50 ха збирно за следните култури: јачмен, пченица, `рж, овес и сончоглед, а се корисници од подмерка 1.1. на оваа уредба;
-Оствареното производство да е продадено во преработувачки капацитети вклучително и произведените жита за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, а запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи;
-Висината на поддршката е условена со остварени просечни приноси над: 4.000 кг/ха за пченица, 3.000 кг/ха за јачмен, 3.000 кг/ха за `рж, 3.000 кг./ха за овес и 1.500 кг./ха за сончоглед;
-Висината на директните плаќања за засеана површина со сертифиран семенски материјал од јачмен, пченица, `рж, овес и сончоглед изнесува 5.760 денари по хектар.
1.3. Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.1. за обработлива земјоделска површина со сончоглед
-Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои имаат засеани и ожнеани површини со сончоглед и се корисници од подмерка 1.1. на оваа уредба;
-Висината на директните плаќања за засеани површини со сертифициран семенски материјал од сончоглед изнесува 3.000 денари по хектар.
Извор: Агротим.мк
]]>


