Тајната на овој метод е опишана во книгата „Тајните на античкиот Тибет“ од автор специјализиран за традиционална источна медицина, Софија Стурчак.
Според авторот, овој метод го променил животот на многу луѓе, а ќе ни помогне и нам. Потребни се само 3 минути да се активирате и да си обезбедите добро расположение за целиот ден.
Комплетната „DO-IN“ гимнастика вклучува 25 вежби, но во нашиот животен ритам, 25 вежби звучат премногу. Затоа, започнете со мини-комплекс составен од 5 основни вежби со кои ќе си обезбедите убаво целодневно расположение.
Пожелно е овие вежби да ги правите веднаш по будењето, додека се уште сте во кревет, но можете да ги правите во секое време, кога и да ви се потребни.
Сите овие вежби ги активираат важните точки на нашето тело кои се одговорни за секојдневната виталност и енергија. Овој метод може да го совлада секое лице и лично да се увери во неговата ефикасност. Најважно е – да не бидеме мрзливи затоа што со само 3 минути и само 5 вежби ќе добиеме фантастични резултати.
Вежба 1.
Темелно истријте си ги ушите со палецот и показалецот, а потоа и со дланките. Вкупно 10-20 триења со прстите и 10-20 триења со дланките.
Вежба 2.
Погалете ја главата со отворената дланка на десната и левата рака, нежно притискајќи, почнувајќи од челото кон тилот 10-15 пати.
Вежба 3.
Направете движење како „миење на лицето со отворени дланки“. Движете ги рацете нагоре и надолу, покривајќи ги образите и слепоочниците 15-20 пати.
Вежба 4.
Седнете, испреплете ги прстите на двете раце и ставете ги на задниот дел од главата. Обидете се да ја турнете главата назад, победувајќи го го отпорот на рацете. Направете го ова 15-20 пати со средно темпо.
Вежба 5.
Седејќи, благо наведнете нанапред и со испакнатините делови на двете дланки тријте го лумбалниот дел од грбот со движења нагоре – надолу. Движете ги десната и левата рака во спротивни насоки. Започнете со движење од делот во близина на ‘рбетот кон страничните делови. Направете 20-30 движења со нежен притисок.
]]>


