Украина против Русија како Давид против Голијат



Според вкупниот нумерички однос на воените сили на Украина и Русија, Украина не може воено да ѝ се спротивстави на Москва во ниту еден сегмент.

Русија е супериорна и на копно и на море и во воздух, а во дел и тотално недостижна, Киев има само два воени брода, а украинската морнарица нема ниту една подморница, за разлика од Русија.

Најмалку 40 украински војници се убиени досега во досегашниот руски напад врз Украина што се одвива од воздух, копно и од море, според тврдењата на украинските сили. Киев тврди и дека на источниот фронт биле убиени 50 „руски окупатори“.

Според извештаите од теренот, пренесени од Би-Би-Си, руските тенкови се во близина на Харков, вториот по големина украински град. Руските хеликоптери го нападнаа аеродромот Антонов, кој се наоѓа во близина на главниот град на Украина, Киев, што значи дека веќе се во близина и на главниот град на Украина.

Распоредот на силите на Русија против Украина:

Русија Украина

Војници

900.000

126.000
Војници со резервисти 2.000.000900.000
Teнкови13.3682.119
Борбени оклопни возила19.7832.870
Воздухопловни сили (луѓе) 165.00035.000
Воени авиони1.328146
Хеликоптери47842
Борбени бродови742
Подморници510
Морнарица (луѓе)150.0002.870
]]>

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести