Мила Јововиќ(46) е родена во Киев во 1975 година, кога Украина сè уште беше дел од Советскиот Сојуз. Нејзиното семејство прво се преселило во Лондон пред да се насели во Лос Анџелес, САД, каде Мила ја започна својата кариера.
„Со скршено срце и запрепастеност се обидувам да ги обработам настаните од оваа недела во моето родно место Украина. Мојата земја и народот се бомбардирани. Пријателите и семејството се кријат. Мојата крв и моите корени потекнуваат и од Русија и од Украина. Расцепена сум на два дела додека го гледам ужасот како се одвива, земјата се уништува, семејствата се раселени, целиот нивен живот лежи во јагленисани фрагменти околу нив. Се сеќавам на војната во татковината на мојот татко, поранешна Југославија и на приказните што моето семејство ги раскажува за траумите и теророт што ги доживеале. Војна. Секогаш војна. Лидери кои не можат да донесат мир. Бескрајната сила на империјализмот. И секогаш, народот плаќа со крвопролевање и солзи“, напиша Јововиќ.
Актерката ги повика своите 3,9 милиони следбеници да ѝ помогнат на Украина со донирање на голем број добротворни организации и фондации, од помагање на армијата до поддршка на децата, болниците и волонтерите во загрозената земја.
]]>


