Новата рунда преговори меѓу Русија и Украина треба да започне во областа на Беловежска шума, јавувија руските медиуми.
Станува збор за локација на белоруско-полската граница, каде во декември 1991 година беше потпишан договор за распаѓање на Советскиот Сојуз.
Руската агенција РИА Новости јавува дека руската делегација пристигнала на договорената локација.
Засега нема информации кога би можела да пристигнат и од украинската страна. Според досегашните информации, украинската делегација е тргната од Киев, но како можно време на почеток на преговорите е дури утре наутро.
Шефот на руската делегација Владимир Медински за локалните медиуми изјави дека украинскaта делегација го напуштила Киев, а руските сили им обезбедиле безбеден коридор за патување.
]]>


