За утре најавен протестен марш во Скопје против руската инвазија во Украина

Здружението на Украинците во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“ за  утре, 6 март 2022 година (недела), организира протестен марш во знак на протест на Украинците против руската инвазија во Украина.

Воедно, од здружението ги повикуваат „сите слободољубиви граѓанки и граѓани да се приклучат на протестот и да го изразат својот револт против војната и безграничната суровост од страната на Русија кон Украина. Собирoт ќе биде кај споменикот „Воинот на коњ“ на Плоштадот Македонија  во 14.00 часот“.

Секој кој сака и да донира хуманитарната помош за Украина тоа може да го направи на Плоштадот Македонија секој ден во поставен шатор.

Извор: Цивилмедиа.мк

]]>

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести