За свадба во Рим, Италија ќе им дава на паровите по 2.000 евра

Регион во централна Италија нуди ваучер од 2.000 евра за паровите кои ќе организираат свадбени прослави во нивната област за да го зајакне бизнисот на угостителските објекти и другите локални бизниси по пандемијата.

Регионот Лацио, кој го вклучува и главниот град Рим, е вториот најнаселен регион во Италија.

Во рамки на иницијативата „Лацио со љубов“, одвоени се 10 милиони евра за ваучери до 2.000 евра, пари наменети за италијанските и странските двојки кои ќе ги користат услугите или производите од локалните угостители, агенции за организирање свадби, цвеќарници…

Сите свадби одржани помеѓу 1 јануари и 31 декември 2022 година ќе можат да конкурираат за овие пари кои можат да се искористат и за дел од трошоците за меден месец, услуги за фотографирање и свадбени забави.

Официјалната веб-страница на регионот вели дека се надева дека на овој начин ќе го поттикнат бизнисот во областа и ќе им помогнат на локалните добавувачи да се опорават од економските последици од пандемијата на „Ковид-19“.

Италија има една од највисоките стапки на смртност од Ковид 19 во светот и е една од првите земји што воведе карантин.

]]>

Најчитани вести