„Констракта“ победник на „Беовизија“, со одлука на жирито и гласовите од публиката оди во Торино

Пејачката Ана Ѓуриќ, попозната како Констракта, синоќа победи во финалето на српската „Беовизија“. Таа ќе ја претставува Србија со песната „In Corpore Sano“ на најпопуларниот европски музички натпревар „Евровизија 2022“, што во мај ќе се одржи во Торино.

Констракта ја воодушеви публиката во првата полуфинална вечер, па по нејзиниот настап имаше голем број коментари на социјалните мрежи.

Иако пред настапот не беше толку популарна, по изведувањето на песната „In Corpore Sano“ стана омилена.

Стихот „Уметникот мора да е здрав“ е вистински хит на социјалните мрежи, а малкумина знаат дека пејачката која како аутсајдер стапна на сцената на „Беовизија“ и успеа, завршила архитектура и е горда мајка на две деца.

Во финалето настапија 18 изведувачи.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=182&v=wLAYRJv6nQc&feature=emb_title
]]>

Најчитани вести