-Средбата помина во одлична атмосфера, со амбасадорот Рамадани ги споделивме заедничките размислувањата за поширокиот бенефит од поврзување во една мрежа на швајцарските и македонски компании. Идентификуван е голем потенцијал за натамошно унапредување на соработка меѓу компаниите од двете земји што ќе резултира со зголемена трговска размена и инвестиции. Во оваа комора ќе ги вмрежиме компании кои се регистрирани во Швајцарија и работат таму и во Македонија, а ќе ги поврземе и со Бизнис клубот кој делува во Македонија, истакна Талеска, додавајќи дека амбасадата ќе даде поддршка за формирање на комора во Швајцарија, а Македонско-швајцарскиот бизнис клуб преку веќе воспоставените релации и планираните активности исто така ќе даде придонес кон унапредувањето на деловната соработка.
Амбасадорот Рамадани нагласи дека владините економски и бизнис политики се едни од приоритетите на дипломатското претставништво и со тоа и приоритет во планираните активности.
-Во таа смисла во претстојните активности ќе се стави акцент на засилено промовирање на бизнис придобивките и инвестициите на бизнис заедницата како во Швајцарска Конфедерација така и на швајцарските бизнис чинители во Република Северна Македонија, со цел меѓусебно запознавање и таргетирањето на идните заеднички цели, рече Рамадани.
Во наредниот период се планира да се организира средба на компаниите во Амбасадата на Република Северна Македонија во Берн.
Македонско-швајцарскиот бизнис клуб кој делува во нашата земја е формиран во 2019 година со поддршка на Амбасадата на Швајцарија во Скопје и Сојузот на стопански комори на Македонија. Активностите на Бизнис клубот се насочени кон вмрежување на компаниите со швајцарски капитал кои работат во Македонија, застапувајќи ги нивните интереси и посредувајќи во поддршка и унапредување на деловната соработка, како и нивно поврзување со другите бизнис-клубовите кои се активни во земјите во регионот. Бизнис клубот обезбедува информации и услуги за деловната и инвеститорската заедница и дава поддршка на новите швајцарски инвеститори и промовирање на извозот на стоки и услуги од Швајцарија во Северна Македонија и од Северна Македонија во Швајцарија.
МИА
]]>


