Членка на рускиот бенд „Пуси Риот“: Луѓето ја потценуваат опасноста од диктаторите

Членка на рускиот бенд „Пуси Риот“, Надја Толоконикова ја коментираше руската инвазија на Украина.

„Секој ден плачам, паничам… Тоа не е нешто што мораше да се случи, тоа е катастрофа што ќе стави крај на животите на илјадници луѓе. Глобалната заедница беше премногу самозадоволна и според мене има две причини: лицемерие, засновано на алчност и глупост. Луѓето велат дека не ја поддржуваат политиката на Путин и неговото угнетување на политичката опозиција и војните што тој ги започна… Но, во исто време, продолжуваат да работат за него. „Луѓето потценуваат колку се опасни диктаторите“, изјави Надја за „Гардијан“

Таа исто така истакна дека во 2014 година разговарале со британскиот парламент, зборувале во Сенатот во САД.

„Многу луѓе не прашуваа како со Путин. Отсекогаш сум советувала дека со него треба да се биде што е можно построг. Не можеш да бидеш добар со него. Тој е луд“, заклучи Надја.

Инаку, Толоконикова го основаше феминистичкиот бенд „Пуси Рајот“ во 2011 година, а таа и уште два члена на бендот беа казнети затоа што во 2012 година во московската катедрала ја пееја „Punk Prayer: Mother of God, Drive Putin Away” (Панк молитва: Богородице, однеси го Путин“. Истата година тие се осудени на две години затвор за хулиганство.

https://www.youtube.com/watch?v=1s-ZN2yZzWw

Доколку Надја би ја пеела истата песна сега, според руските закони би била осудена на 15 години затвор.

https://www.youtube.com/watch?v=Fs7OBQi3OcI
]]>

Најчитани вести