Во неговите млади денови Чак Норис не ни сонувал дека ќе стане актер, но љубовта кон боречките вештини го однела на непланираното патување кон „ѕвездите“.
Додека Чак служел војска, во текот на педесетите години на минатиот век, бил стациониран во Јужна Кореја и почнал да ги учи боречките вештини. По завршувањето на воениот рок, тој не само што станал шампион во карате, туку отворал и училишта за овој спорт, во кои работел како тренер на многу познати личности. Токму овие врски со познати личности го инспирирале да се обиде да глуми. На крајот се спријателил со легендарниот Брус Ли и за прв пат се појавил со него во филмот „Enter the Dragon“.

По неговото филмско деби со Ли, следеле нови улоги и патот до славата му бил отворен.
Првата главна улога ја добил во акциониот филм „Breaker“ од 1977 година, а во текот на седумдесетите и осумдесетите станал една од најголемите акциони ѕвезди на големото платно. Улогата што го одбележа неговиот живот дошла дваесет години подоцна. Се разбира, станува збор за „Walker, Texas Ranger: Trial by Fire“ во 2005. Истоимената серија се емитуваше осум години и го претвори во култна појава.
Чак ретко се појавува во јавноста, а гласините за неговата смрт кружат на интернет со години. Вакви гласини имаше во екот на пандемијата со Ковид 19, кога на социјалните мрежи почнаа да се шират вести дека тој починал од компликации поврзани со вирусот. Се испостави дека се работи за шега.

Иако често се појавуваат неосновани наслови за неговата смрт, годините на Чак и неговото отсуство од јавниот живот ги направија тие гласини попривлечни.
Поминаа речиси 10 години од неговата последна филмска улога во филмот „The Expendables 2“, а пред една година гостуваше во епизодата од серијата „Hawaii Five-0“. Тој може да се види и во некои реклами, но најчесто одбива да се појавува, и тоа со добра причина.
Имено, неговата сопруга Гена во 2017 година боледувала од некоја недијагностицирана болест, за која се испоставило дека е ревматоиден артритис, а лекарите и вбризгувале контрастно средство кое содржи гадолиниум пред снимањето на магнетна резонанца.
Според Мирор, Гена примила три такви инјекции, по што почувствувала болки во зглобовите, слабост, болки во ребрата и треперење по целото тело. Ослабела 15 килограми и морала да се храни со бебешка храна бидејќи тешко голтала. Тоа наводно било медицински феномен, но семејството се сомневало на труење со гадолиниум, иако лекарите не се согласиле со тоа. Гена конечно закрепнала во една клиника во Невада, но нејзиниот сопруг го напуштил Холивуд за да се грижи за неа и да ја подигне свеста за гадолиниумот и неговите можни несакани ефекти. Случајот беше изведен и пред суд.

Во тужбата Норис побарале отштета од 10 милиони долари од компаниите кои не ги предупредиле за ризикот од контрастното средство. Во 2020 година парот, сепак, се откажал од тужбата.
Чак неодамна се најде во центарот на вниманието, откако многумина поверуваа дека бил на протестот во „Капитол“ на 6 јануари, но неговите портпароли тоа го демантираа.
„Ова не е Чак Норис, само сака да личи на него, иако Чак е многу поубав. Чак е на свој терен, во Тексас, каде што и бил во тоа време со своето семејство“, наведоа тие.
]]>


