Во војна планот секогаш не оди според планираното. Така, во Украина, во центарот на Одеса, место со пушки, војници со инстументи, дел од украинскиот воен оркестар испратија поинаква порака. Тие ја свират познатата „Don’t Worry, Be Happy“ од Боб Марли, кој вели дека „Добрата страна на музиката e што кога ќе те удри, не чувствуваш болка.“.
Видето од украинските војници, како „гаѓаат“ со песна, на 9 март го објави и британски „Телеграф“ на својот јутјуб канал.
https://www.youtube.com/watch?v=qLc-RQvyPh8
Во Одеса на сила е полициски час што започнува во 19 часот и трае до рано наутро. Сите се подготвуваат за најлошото.
Градоначалникот на Одеса, Генадиј Труханов , денеска за „Ројтерс“ изјави дека руските сили наскоро би можеле да го опколат неговиот јужен украински пристанишен град од три фронта.
Тој истакна дека тие се подготвуваат да нападнат од териториите што ги окупираа, но и од море. Таквиот потег може да ја отсече Одеса од остатокот на Украина.