Почина трудницата чија фотографија го обиколи светот по бомбардирањето на породилиштето

По бомбардирањето на породилиштето во Мариупол, „Асошиетед прес“ сними бремена жена на носилка која спасувачите ја носат преку урнатините до амбулантното возило.

По бомбардирањето таа била пренесена во друга болница каде лекарите се бореле да ги спасат, и бебето и нејзе.

https://twitter.com/KyivIndependent/status/1503272880930447361

АП пишува дека кога сфатила дека ќе го изгуби бебето, им викала на лекарите: „Убијте ме сега!“

Хирург од болницата изјавил дека е донесена во тешка состојба, дека ѝ се смачкани карлицата и колкот и дека лекарите ѝ направиле царски рез за да се обидат да го спасат бебето.

За жал, бебето не давало знаци на живот, па, како што вели хирургот, тргнале да го спасат животот на мајката.

„Ја реанимиравме мајката повеќе од 30 минути, но за жал не успеавме. Починаа и бебето и мајката“ – изјавил хирургот.

]]>

Најчитани вести