Владата го повлече Законот за матична евиденција од собраниска процедура

Владата денеска донесе одлука да го повлече Предлогот на Законот за матична евиденција од собраниска процедура.

Како што соопшти владината прес-служба, оваа одлука е донесена поради доусогласување на Законот за матична евиденција со реформираниот систем на регистрација на новородени деца со оглед на фактот што законските одредби се застарени и не одговараат на реалната состојба со која се соочува нашиот правен систем.

Законското решение, како што се наведува, е застарено во поглед на неевидентираните лица и е потребно дополнително да се усогласи со Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени што е донесен во 2020 година.
 
Законското решение со кое се уредува системот на евиденција во матичните книги на родени, венчани и умрени треба се усогласи и со процесот на дигитализација и интероперабилност. 

MИА

]]>

Најчитани вести