Инцидентот го потврдила и полицијата, а Крис Рок не сакал да поднесе пријава против Смит.
Емотивниот Смит со солзи во очите ѝ се извини на Академијата, на колегите, но не и на Рок.
-Сакам да ѝ се извинам на Академијата. Сакам да им се извинам на моите номинирани колеги. Ова е прекрасен момент и навистина е комплициран за мене. Мора да бидете способни да го сакате и да се грижите за вашето семејство, за вашата сопруга. Ви благодарам за оваа чест, ви благодарам за овој момент и ви благодарам во името на целото семејство Вилијамс. Се надевам дека Академијата ќе ме покани повторно – заклучи тој.
Комичарот Крис Рок, кој беше еден од доделувачите на годинашните „Оскари“, со својот хумор ја навреди глумицата Џејда Пинкет-Смит и нејзиниот сопруг Вил Смит. Тој пак, веднаш потоа отиде до сцената и му удри шлаканица на својот колега.

Шегата на Рок за „Џи Ај Џејн“ се однесуваше на доста кусата коса на Џејда, која и претходно говорела за своите проблеми со алопеција.


