Mини пици за секоја прилика

Ако сте љубител на јадења од тесто, тогаш треба да ги пробате овие мини-пици.


Состојки:
– 500 гр брашно
-250 мл вода
-три лажици масло
-една лажичка сол
-прстофат шеќер
-коцка свеж квасец
-150 гр шунка
-малку кечап или сос од патлиџани
-две топчиња моцарела
-оригано

Од брашното, солта, шеќерот и квасецот направете го тестото. Во топла вода издробете го квасецот и додајте го шеќерот, па измешајте.

Додајте половина од брашното и речиси целото масло, оставете малку да се намасти околу тестото, кога ќе се замеси и сол, па измешајте со лажица. Потоа со раце да заличи на тесто, но не треба многу месење. Потоа оставете го околу половина час тестот да се одмори.

Како што го додавате остатокот од брашното, така и мешајте. 

Работната површина посипете ја со брашно. Потоа тестото расукајте го до дебелина од 0,5 см и со калап или поголема чаша направете ги крукчињата за пиците.

На секое од нив ставете сос од патлиџан, шунка, моцарела и посипете со оригано. Печете 15 минути во загреана рерна на 200 степени. Служете ги топли.

]]>

Најчитани вести