По две години поминати во индустријата за сол, се вратил во Швајцарија каде што посетувал училиште за кондиторски производи. За време оваа обука, тој присуствувал и на натпревар во чоколада каде што сфатил дека кондиторството е се што сака да прави.
Неговата едукативна програма трае 10 недели, а корисниците имаат можност да научат како да користат слатки, чоколади, сладолед и многу други намирници при правење десерти.
Амори е популарен ширум светот, а тоа го покажува неговиот Инстаграм профил каде го следат нешто повеќе од 6 милиони луѓе. Многумина велат дека тој е уметник кој прави чуда со чоколадо.
Тој прави од змејови и други животни до мотоцикли и многу други секојдневни предмети и работи. Неговите слатки креации често се прават во вистинска големина, а многумина често не веруваат дека станува збор за торта и дека сето тоа е за јадење.
Освен што држи предавања за кондиторски производи во своите работилници, тој решил да ’подучува’ и преку Инстаграм и Јутјуб, па освен фотографиите од неговите слатки уметнички дела, на социјалните мрежи, објавува и видеа на кои дел по дел може да се види и како сето тоа го направил.
Минатата година реши да го одбележи денот на независноста на САД со чоколадна креација и ја направил „Статуата на слободата“ висока преку 2 метри, за која потрошил над 52 килограми чоколадо. Својата работа ја започнал со изработка на постамент, кој потоа го обоил со боја за јадење, а по постаментот се префрлил на самата статуа каде се е претставено сосема реално, Посебно внимание посветил на деталите како факелот и Декларацијата на независноста.
]]>


