Мaкрон и Ле Пен во втор круг на претседателските избори на Франција?!

Првите излезни анкети во Франција покажуваат дека актуелниот претседател Емануел Макрон добил 28,1 отсто од гласовите во првиот круг од гласањето, додека ривалката Марин Ле Пен добила 23,3 отсто од гласовите. Кандидатот на левицата Жан-Лук Меланшон освоил 20 отсто од гласовите.

Доколку до крајот на ноќта нема некои големи изненадувања, Макрон и Ле Пен ќе се борат за местото претседател на Франција во вториот круг од изборите.

Во првиот круг учествуваат вкупно 12 кандидати, а доколку никој не добие повеќе од половина од поддршката на гласачите, ќе се одржи вториот круг од изборите во кој ќе учествуваат двајцата најдобро пласирани.

Вториот круг од изборите ќе се одржи на 24 април.

]]>

Најчитани вести