Тетовски одгледувач победи на државниот шампионат за расата шарпланинец

Петко Петковски одгледувач на шарпланинци од тетовско Јанчиште со својот претставник Купер стана државен првак на државниот шампионат што викендов се одржа во Скопје. 

Купер има 4,5 години и беше победник во категоријата на машки шарпланинци.

– Меѓународните судии одлучуваа за две категории исправност и за убавина. За да се достојно се претстави пред судиите долги подготовки имавме за движење и одржување на кондиција. Ја одржувавме убавината и чистотата на кучето со редовна хигиена, чешлање и слично, изјави Петко Петковски.

Петковски е повеќедецениски одгледувач на шарпланинци. Во неговата одгледувачница „Петковски под Шара” моментално има девет возрасни шарпланинци кои имаат над една година како и повеќе млади под 12 месеци.

МИА

]]>

Најчитани вести