Спасовски по повод седми мај: Воспоставивме стандарди и создадовме полицијата-сервис на граѓаните

Воспоставивме модерни стандарди и создадовме полиција која денеска е вистински сервис на граѓаните, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната свечена манифестација по повод 7. мај, Денот на македонската полиција којшто се одржа во Делчево.

„Тргнувајќи од фундаменталната премиса на секое демократско општество – дека институциите постојат само и единствено во интерес на граѓаните, независно на нивните лични определби и ставови, ние воспоставивме модерни стандарди кои што целосно ќе ја реализираат клучната позиција на институцијата, а тоа е полиција – сервис на граѓаните на Република Северна Македонија“, рече Спасовски.

Министерот Спасовски додаде дека македонската полиција денеска е сервис и партнер на граѓаните но и респектабилен партнер на надворешен план, со активни ангажмани на многу меѓународни иницијативи и проекти.

„Следејќи го доследно пулсот на времето, на регионалните и глобалните политички и безбедносни трендови, но и потребите и очекувањата на граѓаните, од сегашна преспектива можеме слободно да заклучиме дека Министерството за внатрешни работи, сите негови организациони единици веќе се етаблираат не само како сервис и партнер на граѓаните, туку и како респектабилен партнер на надворешен план, активно ангажирани во мноштво регионални и меѓународни иницијативи, асоцијации и проекти во речиси сите области од безбедносната сфера“, рече Спасовски.

]]>

Најчитани вести