Тој ја истакна соработката со Собранието на Република Северна Македонија, како во делот на отпочнување и спроведување на безбедносните реформи во државата, така и во делот на донесување на законската регулатива.
„За тоа говори и примерот со Законите за полиција и за внатрешни работи, кои претставуваат заокружување на реформите. Благодарение на таа соработка меѓу законодавната и извршната власт ја спроведовме и реформата на безбедносно-разузнавачкиот систем, со која УБК излезе од органите во состав на МВР и беше формирана посебната институција АНБ. Конечно, да не ја заборавиме и контролната функција што ја има парламентот. Формирањето на Полицискиот омбдусман, како и посебното одделение во Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, имаат за цел токму зајакнување на парламентарната контрола околу евентуални пречекорувања на полициските овластувања и кршење на човековите слободи и права, со што заеднички ги спроведовме препораките од „Извештајот на Прибе“. Ова говори за меѓусебната зависност на институциите и повиканоста на соработка. Заеднички работиме кон постигнување на зацртаните цели пред нашите граѓани, пред државата“, рече Спасовски.
Резултатите покажуваат дека нашите напори во сите сфери, вклучително и во зајакнатата борба против организираниот криминал, корупцијата, безбедносните реформи, се евидентни, заклучи министерот Спасовски.
]]>


