Koвачевски за Сител: Избори ќе има во 2024 година

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва гостуваше во вестите на Сител.

Премиерот порача дека избори ќе има во 2024 година, парламентарни и претседателски, и дека доста беше праксата предвремени избори на 2 години.

Тој рече дека тоа што го прави ВМРО ДПМНЕ со т.н блокада во Собранието, не е ништо ново и дека и досега многу закони не можат да се донесат затоа што се блокирани во Собранието, како што е законот за Армијата, наставниците и многу други кои чекаат да се донесат, некои дури и две години.

-Опозцијата со нивната одлука не ја блокира Владата или Собранието, туку граѓаните или организациите кои чекаат да се донесат овие закони, истакна Ковачевски.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести