Паричник пронајден по половина век и вратен на сопственичката

По 55 години изгубениот паричник повторно ѝ бил вратен на една жена од Западна Вирџинија, откако училиштетото во кое го изгубила било затворено. Шерон Деј го изгубила паричникот додека била на забава во училиштето кога имала 16 години, односно во 1968 година не очекувала дека тој ќе биде пронајден. Училиштето засекогаш било затворено во 2019 година, а градежните работници рекоа дека биле изненадени кога паричник испаднал од цевка додека ја реновирале зградата за да ја претворат во станови.

Бредли Скот, сопственик на компанијата за градење, рече дека каналот бил затворен со децении и во него имало уште неколку одамна изгубени предмети.

– Имаше некои стари билети за боксерски меч и некои други работи што испаднаа, изјави Скот. Скот се обидел да влезе во трага на сопственикот на паричникот преку социјалните мрежи и успеал во тоа.

Најчитани вести