Претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски денеска присуствуваа на божиќниот ручек којшто го приреди поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, по повод божиќните празници и неговиот именден – празникот на светиот првомаченик и архиѓакон Стефан.

– На божиќниот ручек којшто традиционално се приредува во резиденцијата на архиепископот присуствуваше претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, како и членови на Светиот синод на МПЦ-ОА, соопшти Кабинетот на Пендаровски.
Божиќниот ручек традиционално се одржува во резиденцијата на архиепископот г.г. Стефан.
На ручекот бил поканет и претседателот на Собранието Талат Џафери, но тој нема да присуствува поради задравствени причини.
MИА


