Министерстерството за внатрешни работи денеска соопшти дека „на на ГП Табановце е приведен Д.Д. , кој се бараше со меѓународна потерница и ќе биде пренесен во надлежната казнено поправна установа“.
Како што беше објавено претходно од медиумите се работи за Драган Даравелски, поранешниот директор на Царинската управа кој во 2007 год. беше осуден во отсуство на 7 години затвор.
По него е распишана и потерница на Интерпол. Тој еднаш веќе беше уапсен во 2016 година во Белград, но до ден денешен не се случи неговата екстрадиција.
Кумановецот Драган Даравелски е еден од ретките функционери во независна Македонија осуден со правосилна судска пресуда дека проневерил 2,5 милиони евра, додека беше директор на Царинската управа во периодот 1999-2002 година.


