Ковачевски во посета на компанијата „Пекабеско“ и на средба со пензионерите

Премиерот Димитар Ковачевски денеска  заедно со министерот за економија и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Крешник Бектеши и Љупчо Николовски, ќе ја посети компанијата „Пекабеско“.

Како што најавија од владината прес-служба, по обиколката на производствените капацитети на „Пекабеско“, предвидени се изјави за медиумите.

Подоцна во текот на денот премиерот ќе одржи и работна средба со пензионерите.

Средбата со пензионерите Ковачевски ќе ја одржи заедно со министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска во Сојузот на здруженија на пензионери.

МИА

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести