Во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 414 возачи.
Како што денеска информираа од МВР, од нив 15 возилa се движелe со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 260 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 154 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
MИА


