Првиот регистриран клониран топлокрвен коњ во Кина, 7-месечното грло по име Жуангжуанг, го имаше своето деби во Пекинг.
Клонирањето на натпреварувачки и расни коњи станаа практика поради генетските подобрувања во неколку земји низ светот од раните 2000-ти. Првиот беше ождребен во Италија во 2003 година.
VOA News објави дека кинеска компанија и претставила на јавноста клониран коњ, прв од ваков вид во Кина и дека е одобрен за спортски натпревари.
Грлото Жуангжуанг е создадено во лабораторијата Синогене во Пекинг и е клон на животно увезено од Германија. Го ождребила сурогат мајка. Црното ждребе е првото од групата топлокрвни раси што е родено во таа земја и официјално одобрено од кинеската асоцијација за коњичка индустрија.
Таму во последните години се забележува напредок на овој спорт, особено скокањето. Понатамошниот раст е ограничен поради недостатокот на грла со високи перформанси и заостанувањето во технологиите за одгледување.
„Разговарав со кинеските јавачи кои учествуваат на Олимписките игри. Сите тие обично имаат по два или три коња, од кои секој чини од неколку до 10 милиони јуани (1,38 милиони евра)“, рече Ми Џидонг, извршен директор на Синогена. Тој верува дека клонирањето може да помогне да се намалат трошоците за одгледување.
Целта е спортот да стане помалку зависен од увезените скапи животни, а компаниите најавија дека ја имаат технологијата и се подготвени да клонираат овци, крави, свињи, кучиња и мачки.
Извор: Агротим.мк


