Пред три години на денешен ден цел светот застана за секунда и се запраша дали е можно еден од најголемите кошаркари на сите времиња да си замине така, одеднаш.
Во неговата кариера, но и потоа Коби Брајант остави неизбришлива трага кај сите кои барем еднаш имаа можност да го гледаат како игра. Тој играше со неверојатна желба за победа, беше личност за која често се вели дека е поголема од животот – Брајант е сето тоа и многу повеќе.
Некаде околу 18:00 часот по средноевропско време, девет патници, меѓу кои и Коби Брајант и неговата ќерка Џана, загинаа во хеликоптерска несреќа.
За време на неговата професионална кариера, Коби освои 5 шампионски прстени, една награда за МВП, двапати беше МВП на финалето на НБА и беше примен во Куќата на славните на кошарката постхумно, во 2020 година.


