Европската Унија одлучи да воведе ограничувања за издавање визи на државјаните на Сомалија, откако во извештај на ЕУ е заклучено дека земјата не соработува доволно во процесот на враќање и депортација на своите државјани.
Според денеска објавеното соопштение, привремените ограничувања предвидуваат сомалиските државјани повеќе да не можат да добиваат визи за повеќекратен влез, а рокот за обработка на апликациите за виза да биде продолжен од 15 на 45 дена.
ЕУ, исто така, одлучи да ја суспендира можноста за олеснето поднесување докази при аплицирање за виза и повторно да воведе визна такса за носителите на дипломатски пасоши.
Во соопштението се наведува дека ограничувањата можат да бидат укинати откако ќе се оцени дека Сомалија соработува во доволна мера.
МИА


