Полицијата санкционираше 56 возачи за непропуштање пешаци на пешачки премин

Санкционирани се 56 возачи кои не пропуштиле пешаци на пешачки премин. Полициската контрола е спроведена во текот на вчерашниот ден на територија на цела држава.

За време на контролата, како што денеска соопшти Министерството за внатрешни работи, санкционирани се и 105 останати прекршоци.

Од МВР апелираат и возачите и пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Најчитани вести