Што треба да направите кога ќе се случи итен случај во ваша близина

Лекарите велат дека можете да спасите нечиј живот, ако некој одеднаш падне во несвест или пак престане да дише, а реагирате веднаш и без емоциите да ве совладеат.

Еве кои грешки можат да се случат: Најчесто, при несреќа, повеќето звонат на најблиските за помош што не треба, бидејќи така се губи на време, затоа веднаш треба да се заѕвони на 194. Не треба сами да го возете лицето во болница, зашто иако тоа можеби ќе биде побрзо во спротивно би го одложило неговиот третман, односно болничките возила располагаат со соодветна апаратура а самото возење за возачот ќе биде стресно и ризично.

Но тоа не значи дека кога ќе стигнете во болница сте ја завршиле работата, напротив треба да почекате за да видете дали е се во ред и дека личноста која сте ја довеле во болница е подобро.

Најчитани вести