Ковачевски: Работиме на намалување на цената на струјата, го либерализиравме увозот на гас, во ЕСМ има наддавање

На вториот ден од годишната конференција „Година на нови можност”, со фокус на енергетиката, надворешната, безбедносна и одбранбена политика, фискалните монетарни и даночни политики како и земјоделството, во првиот панел, „Северна Македонија како зелен енергетски хаб – како да се претвори кризата во можност“, говорник беше премиерот Димитар Ковачевски. Тој истакна дека Владата работи на намалување на цената на електричната енергија, а веќе е либерализиран увозот на гас.

„Опозицијата, но и некои експерти претпоставуваа дека ќе има енормно зоглемување, но со напорната работа на раководството на државните електрани го зголемивме прозводството и имаме намалување на цената на струјата, рече премиерот Ковачевски и исткана дека намалувањето на цената е во првите два блока, каде што се најголемиот дел од домаќинствата, а благо поскапување има во третиот блок и поскапа струја во четвртиот блок. Тој информираше дека за малите компании е намалена цената на електричната енергија за 20 проценти.

-Во наредниот период претпоставувам и работиме да нема зголемување, напротив работиме да има намалување. Минатата година ЕСМ го зголеми производството за 20 проценти. Вчера видовме податок за произведени над 21 илјада мегават часови, што е најголемо производство во последните десет години, рече премиерот Ковачевски.

Премиерот рече дека иако има многу предизвици, Владата ги посетила сите земји од регионот, како и САД се со цел да се обезбеди можност за успешно справување со кризата, во последниот квартал минатата година и првиот квартал оваа година кога е грејниот период.

-Ги зголемивме прекуграничните капацитети со Бугарија, се со цел да нема прекин обезбедивме и непречен увоз на суровини и енергенси од Грција и Албанија. Тамошните компании бара да го намалат извозот на јаглен, но на состанок со премиерот на Грција беше договорено да нема забрана за извоз за Република Северна Македонија. Обезбедивме доволно енергија за да нема недостатоци. Никој не веруваше дека ќе работат сите три блока на РЕК Битола, рече Ковачевски.

Тој додаде дека државата имала значајна помош од САД.

-Немавме либерализиран увоз на гас, но со зголемување на капацитетот на интерконекторот со Бугарија и подзаконските акти за снабдување со гас, тоа стана реалност и сега ЕСМ има наддавање за гас. Се што беше дадено како задача беше исполнето до перфекција, заклучи премиерот.

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести