Државните капацитети за производство на електрична енергија се со доста страи и поминат е векот на експлоатација шт го даваат производителите на опремата, рече генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски на годишната конференција „Година на нови можности“. Сепак, тој додаде дека со добро планирање и инвестирање капацитетите можат да се користат уште одреден период.
– Во 2019 година во компанијата донесовме стратешки план за развој, кој беше усогласен со енергетската стратегија на државата до 2046 година. Во АД ЕСМ сега се водат 12 проекти за инвестиции во нови енергетски капацитети, коишто заедно би давале 1760 мегавати инсталирана моќ, што е повеќе од моментлани 1420 мегавати. Минатите години за жал се вложувало минимално во енергетските капацитети, рече Ковачевски.


