Низ чешмите на Јоханесбург протече сина вода

Жителка на Јоханесбург останала вчудоневидена кога ја пуштила чешмата во кујната сакајќи да се напие вода и одеднаш од неа наместо бистра протекла вода со сина боја. Ваквата појава со водата за пиење одлучила да ја сподели на социјалните мрежи.

-@JHBWater може ли некој барем да ни каже каква е оваа сина боја на водата? Дали е нормално или безбедно?, праша твитерџиката. Веднаш по објавата на нејзинот прифил на Твитер можат да се прочитаат разни коментари, од неверување, осуда, предупредување да не се пие ваквата вода па се до шегувања и смешни коментари.

– Сина сончева светлина. Не би го допрел ова никако. Водата личи на течност за бришење прозорци. Гледам сапун за перење во водата, те молам немој да пиеш. Градот стана Штрумфоленд, стои во коментарите на Твитер. Друг, пак со порака во која ги поканува да ја пробаат сината вода па можеби ќе станат и првата човечка верзија на Штрумф од цртаните филмови.

Од Johannesburg Water соопштуваат дека се сомневаат оти до сината боја е дојдено поради присуството на повисоко ниво на бакар и дека работат на проблемот.

Најчитани вести