Маричиќ на Фејсбук: Европската комисија одобри 53 милиони евра за Северна Македонија

Денес добив одлична вест од Брисел која веднаш ја споделувам со вас, граѓаните, напиша на својот Фејсбук профил вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

Европската комисија одобри 53.015.968 евра за Северна Македонија, за три нови проекти за спроведување на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан и тоа:- Реновирање на шест хидроцентрали;- Изградба на ветерен парк во Богданци;- Изградба на регионални центри за цврст отпад во Полог, Пелагонија, Вардар, Југо-западен и Југо-источен регион, во соработка со Европската банка за обнова и развој.

Европските фондови и странската донаторска помош е од огромно значење за енергетската независност и за заштита на животната средина, две области кои носат сериозно подобрување на квалитетот на живот за македонските граѓани.

Како Национален ИПА координатор потенцирам дека ова е помош за државата да ги изведе реформите и побрзо и полесно да ги достигне европските стандарди, преку подобрување на животната средина и подобрување на инфраструктурата, напиша Маричиќ.

Најчитани вести