Мора да ја пробате: Вкусна чорба од печурки

Еве еден одличен начин како да си направите превкусна чорба со печурки. Брзо се прави и е многу вкусна и хранлива, а не е на нашето секојдневно мени.

Потребни се:

  • 200 грама печурки (буковка)
  • Околу  160 грама шампињони
  • 1 главица кромид
  • путер
  • 3 лажици ладно цедено маслиново масло
  • 2 лажици брашно
  • 700-800 мл. вода
  • 200 мл. млеко
  • 100 мл. павлака за готвење
  • сол
  • црн пипер
  • сув зачин

Начин на подготовка:

-Во сад на оган се става путерот да се растопи, па се додава буковката исечена на парчиња. Кратко се пропржува и се додаваат исечените шампињони. Повторно се пропржува кратко и се зачинува по вкус.

-Во тенџере се става маслото да се загрее и се додава ситно исецкан кромид. Кога кромидот малку ќе се пропржи се додава брашното. Со постојано мешање се пржи околу 40 секунди.

-Потоа се додаваат печурките, се преливаат со топла вода и при тоа постојано се меша. Се зачинува со сол , бибер и мешан зачин. Тенџерето се поклопува со капак и се остава чорбата да се вари околу 15 минути.

-Се додава млекото и се повторно се вари уште 5 минути. На крајот се става павлаката и се остава да врие учте малку на тивок оган.

Чорбата од печурки се служи топла.

Најчитани вести