Некој да ви кажеше дека гибаница може да се направи од резанци, па уште и со пилешко, веројатно ќе го слушавте со неверување, но лесно е да се поверува во тоа кога овој деликатес се најде на трпезата. Состојки:
1 пиле
300 грама брашно
3 домати
3 глави кромид
3 зелени пиперки
4 чешниња лук
2 лажици брашно
1 лажица мешавина од зачини
2 јајца
Масло за јадење, сол, мелен црн пипер
Начин на подготовка:
Пилешкото се сече на парчиња, се посолува, се става бибер и се пржи во тава на врело масло. Главиците кромид, пиперките и доматите исечкајте ги на парчиња и додадете ги во тенџерето заедно со чешнињата лук. Додадете 2 лажици брашно, мешавина од зачини, сол, бибер, прелијте со 1 литар вода, измешајте и оставете ја содржината да се вари 60 минути.
Скршете ги јајцата во сад со брашно, посолете, постепено сипете вода и со рака замесете тесто. Тестото замесете го на набрашнета работна површина. Потоа тестото го сечкаме на два еднакви дела и од секој дел со сукало ги расукуваме корите. Првата кора ја виткаме во ролат и ја сечкаме на парчиња. Одмотајте го парчето ролат за да добиете резанци. Парчињата месо извадете ги од тенџерето и отстранете ја кожичката и коските. Во округла подмачкана тава ставаме кора на која ги редиме парчињата месо. Со решеткаста лажица извадете го зеленчукот од тавата и ставете го на месото. Потоа во тавата ставете ги и резанците и попрскајте со масло.
Печете 30 минути на 180 степени. Питата ја сервираме на плех, ставете топче павлака и на неа ставете гранчиња рузмарин.
Извор: bastabalkana.com


