Еве како бројот на вашиот дом влијае на вашиот живот

Постојат неколку начини да се пресмета вашиот број на домот, и радозналоста што всушност значи бројот на вашата куќа. Едноставно соберете ги сите бројки кои ги имате на вашата куќа,стан или зграда се додека стигнете до едноцифрен број.

Ако имате број 1

На луѓето кои живеат во стан со овој број им треба повеќе простор. Бројот еден асоцира на храброст,самодоверба, независност. Од друаг страна овој број може да асоцира и на недоразбирање и отфрлање.

Број 2

Владее хармонија, мир, љубов, тука живее блиско семејство или пријатели, кои си помагаат едни на други и работат заедно. Број два дава чувство на сигурност.

Број 3

Место полно со енергија , отворени домаќини, креативни и забавни и живот без правила. Овде доаѓаат многу гости и сите се добредојдени.

Број 4

Во овој дом владее амбиција, стабилност, ред и правила. Се во свое време е паролата на домаќините кои се фокусирани на работа и успех.

Број 5

Пет е број за весели,толерантни, отворени и луѓе кои сакаат да комуницираат, но петката вибрира и за хаос и недоразбирање.

Број 6

Број 6 е за рамнотежа, доверба и чувство на сигурност, синоним за работа,компромис и почит кон другите луѓе. Овде живеат луѓе кои ги знаат вредностите на животот и знаат како истите да ги негуваат.

Број 7

Седумката е среќен број но истовремено и мистериозен и духовен број. Луѓето кои имаат стан со овој број се поинакви, чувствителни но и силни. Емотивни и добро комуницираат со другите луѓе а сепак како да живеат во свој свет.

Број 8

Осум е постојано тежнеење кон напред, нови знаења, успех и амбициозност. Овде домаќините се со големи планови и прецизни во спроведување на она што замислиле.

Број 9

Овде владее пријатност и поддршка за своите пријатели, од страна на домаќините, каде бројот девет зрачи позитивна енергија и гостопримливост.

Во секој случај домашната нумерологија и се она која произлегува од неа е всушност само наша радозналост и затоа гледајте на неа на забавен начин.

Најчитани вести